Радио Милева

Тамара, Калиопи и Елена Ристеска гласаа во „Ѕвездите на Гранд“, но само едната од нив даде најмногу поени на македонските кандидати!

Тамара, Калиопи и Елена Ристеска гласаа во „Ѕвездите на Гранд“, но само едната од нив даде најмногу поени на македонските кандидати!
фото:принтскрин/инсатграм

Македонските пејачки Тамара Тодевска, Елена Ристеска и Калиопи, вчеравечен на финалето од „Ѕвездите на Гранд“, беа изборот на Саша Поповиќ од Македонија за телефонски да се вклучат во живо и да гласаат за своите фаворити од 16-те финалисти.

Нашите пејачки пејачки имаа можност да гласаат за учесниците од својата земја и да ги дадат поените според евровизискиот принцип на гласање.

Прва се вклучи Елена Ристеска која 8 поени му додели на Огнен Здравсковки, 10 за сега победничката Џејла Рамовиќ и највисоките 12 поени му ги додели на кумановецот Мартинијан Кириловски.

Следна која се вклучи од Скопје беше Тамара Тодевска која му даде 1 поен на скопјанецот Филип Пецовски, за Огнен додели 5, потоа 10 поени за Дарко Коцевски од Скопје и највисоките 12 поени на Тамара беа за Џејла.

Калиопи пак, 8 поени имаше за Огнен Здравсковки, Мартинијан од неа доби 5 поени, Дарко 3 и највисоките 12 поени од Калиопи отидоа за Џејла.

фото:инсатграм/звезде гранда/принтскрин

Сè на сè, само Елена Ристеска додели најмногу поени за македонски кандидат, односно за Мартинијан Кириловски.

По завршувањето на гласањето, на социјалните мрежи се појави ккоментари токму за нивниот начин на гласање и тоа што учесниците од Македонија не ги подржале со највисоките поени.

Останати вести од Радио Милева