Радио Милева

Тамара и Карлеуша се гушкаа на „МАC“, па српската дива пред милионскиот аудториум и поласка на Тодевска

Тамара и Карлеуша се гушкаа на „МАC“, па српската дива пред милионскиот аудториум и поласка на Тодевска
фото: принтскрин/јутуб

Во „Штарк Арена“ се одржа  второто издание на музичките награди „MAC“,  а Тамара Тодевска беше една од водителките на ова музичко случување.

Тодевска неколку пати се јави од „Бекстејџ“ каде што разговараше со своите колеги од естрадата, а меѓу нив и српската пејачка Јелена Карлеуша.

„Мене ме интеренсира дали некој некого засакал овде? Но, би било убаво да ја погледнете личноста покрај вас, не е важно што носи, како е облечена, каква музика слуша, само силно гушнете ја. Направете еден групен „хаг“, истакна Тамара и ја гушна Карлеуша.

фото: Принтскрин/јутуб

Потоа, Тамара направи едно кратко интервју со Јеца, па ја праша како се чувствува повторно на „МАC“.

„Добро вечер на сите на Балканот, на сите кои се пред малите екрани. Многу сум возбудена што вечерва сум тука по една година. Дојдов оваа вечер да ја направам величествена“ истакна Карлеуша.

фото: принтскрин/јутуб

Тодевска ја праша Карлеуша доколку има 30 дена да направи медиумска пауза што би направила.

„Тоа би било нешто ново за мене. Јас сум од шеснаесетите години пред камера, јас за ова живеам“ истакна Карлеуша и откри кои се нејзините планови за 2020.

фото: принтскрин/јутуб

„Јас планирам 3,4,5 Арени“ истакна Јеца и јавно и поласка на Тамара.

„И јас тебе те сакам. Браво за настапот на „Евросонг“, ти си победничка“ истакна Карлеуша пред шерокиот аудиториум.

За потсетување, Јелена ја поддржа Тамара додека настапуваше на Евровизија, па заедно со нејзините ќерки од пред ТВ екраните ја бодреше Тамара и истакна дека таа е морален победник.

Останати вести од Радио Милева