Радио Милева
силиконска „цуцла“

Тамара Ѓуриќ сподели интима од својот дом: Старлетата се снимаша како го дои бебето (ВИДЕО)

Тамара Ѓуриќ сподели интима од својот дом: Старлетата се снимаша како го дои бебето (ВИДЕО)

Поранешната ријалити ѕвезда и старлета Тамара Ѓуриќ се породи пред неколку дена и на свет донесе девојче, кое таа и нејзиниот избраник Никола решија да му го дадат истото име како на мајката –  Тамара.

Старлетата редовно споделува фотографии и снимки од бебето на својот Инстаграм, а сега сподели интимен момент со своите следбеници, како ја дои својата ќерка.

Инаку, Тамара го напушти породилиштето за Бадник и веднаш се огласи на социјалните мрежи.

„Боже, ти благодарам за овој подарок, горда сум што го заслужив тоа. Тоа се нарекува љубов на прв поглед и тоа е единствената искрена вистинска и безусловна љубов. Ви благодарам на сите за вашите убави желби и им го посакувам на сите идни мајки од дното на моето срце ова чувство во 2021 година и во секоја следна“ –  стоеше во објавата на новата мајка на Инстаграм заедно со првата фотографија од новороденчето.

Гордата мајка откако ја напушти породилната болница, и откри како се чувствува, а потоа истакна дека ова е најсреќниот Божиќ во нејзиниот живот.

„Мојот живот сега веројатно ќе биде поинаков. Ова е најсреќниот Божиќ во мојот живот. Јас сум збунета и сега ќе видам како ќе се снајдам во улога на мајка“ – рече тогаш Тамара.

Останати вести од Радио Милева