Радио Милева

Тамара ги демантира медиумите за името на синчето: „Не е Дарент“!

Тамара ги демантира медиумите за името на синчето: „Не е Дарент“!

Во вчерашните вести  на Вистина, можевте да прочитате дека пејачката Тамата Тодевска која е бремена по вторпат, во интервју за 1ТВ го откри името на своето неродено бебе кое инаку ќе биде машко.

Веста инстантно се рашири по сите домашни поратли, а некој веројатно од брзање лошо слушнал, прочитал или згрешил во куцање, па наместо Дарен, напишаа дека бебето ќе се вика ДаренТ.

Кога Тамара го прочита ова, не можеше, а да не изреагира дека нејзиното се уште неродено синче веќе е прекрстено, па мораше да реагира.

-Не е Дарент, туку Дарен, напиша Тамара во објавата.

Инаку, пејачката вели дека ова и е лесна бременост и се чувствува одлично, а бебето треба да пристигне кон крајот на годината.