Радио Милева

Тамара, Елена Ристеска, Каролина… Распеани, насмеани до уши на концертот на Лозано, ама и облечени исто (фото)

Тамара, Елена Ристеска, Каролина… Распеани, насмеани до уши на концертот на Лозано, ама и облечени исто (фото)
фото:инсатграм/лозано/стефан рајхл

Дека публиката знае да слуша и цени добра македонска музика, се потврди и со концертот на Влатко Лозаноски –Лозано кој се случи изминатиот викенд.

Концерт исполнет со многу љубов, измешани емоции и прекрасна енергија која се пренесеува од еден на друг кај сите присутни во преполната арена во „Борис Трајковски“. Влатче овој концерт дефинитивно ќе го памти, а како што напиша и самиот, горд е што има армија од фанови од сите генерации кои го пеат секој стих на неговите песни, дојдоа, го поддражаа и му го наполнија срцето.

фото:инсатграм/лозано/стефан рајхл

Меѓу фановите во публиката на Лозано беа и колегите и колешките од естрадата, а меѓу нив заедно се појавија, Каролина Гочева, Антониа Гиговска, Роберт Билбилов, Дарко Димитров, Тамара Тодевска, Елена Ристеска…

фото:инсатграм/антониагиговска

Секако главен и најгорд беше и композиторот на песните на Лозано кој тој за ништо не го менува – најплодниот музички автор на забавната сцена, Лазар Цветковски.

Моментите од концертот каде се распеани, насмеани и сите облечени во црно, Елена, Тамара, Каролина и Весна Петрушевска ги овековечија со неколку фотографии кои се најдоа на нивните профили на социјалните мрежи, а наедно му честитаа на Лозано за одличниот концерт.

фото:инсатграм/каролинагочева

Радосен Лозано, радосни фановите, задоволни организаторите, авторите… Овој концерт со преполна сала нека биде поттик секогаш вака да ја поддржуваме и сакаме македонската музика, она што е наше и не прави горди.

фото:инсатграм/еленаристеска

фото:инсатграм/каролинагочева