Радио Милева

Тага во семејството на српската пејачка: Почина мајката на Вики Миљковиќ

Тага во семејството на српската пејачка: Почина мајката на Вики Миљковиќ
фото: принтскрин/јутуб

По тешко и долго боледување, почина мајката на Вики Миљковиќ.

Вики на својот „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината мајка, а во описот напиша:

„Оваа болка не може да се опише со зборови. Оваа празнина брзо се всади во душата, се залепи за срцето. Стегнува и не попушта. И толку солзи од минатото во ист момент. Мајка, една единствена“ напиша пејачката, а нејзините фанови и изразија сочувство.

фото: инстаграм/викимиљковиќ

Мајката на Вики живееше во Ниш, а пејачката го користеше секој слободен момент за да ја посети.

Мајката на Виолета тешко прифаќаше низ што поминува нејзината наследничка во „Ѕвездите на Гранд“, па во една прилика го покажа своето незадоволство.

фото: принтскрин/јутуб

„Срамота е што Вики поминува низ такви навреди. По толку години кариера, хитови и многубројни концерти доживеа да ја понижуваат. Некој во тоа жири не е фер, но народ се гледа. Таа знае да се одбрани, но мислам дека местото не и е таму и во прашање е време кога ќе си замине“ изјави мајката на Вики во една прилика.

Останати вести од Радио Милева