Радио Милева

Тага во семејството на Ленче Кукиќ поради загубата на драга личност

Тага во семејството на Ленче Кукиќ поради загубата на драга личност
фото: Принтскрин

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, Ленче Кукиќ однесе две победи, односно победа од гласовите на жирито и победа од Фејсбук гласачите.

Во текот на целата сезона таа важеше за еден од фаворитите и го воодушевуваше жирито и публиката, а во еден момент ја нарекоа македонската Адел.

фото: Принтскрин/јутуб

По успесите кои ги постигна во ова музичко шоу, Ленче заслужи краток одмор од обврските и снимањата.

Меѓутоа, Кукиќ деновиве се соочи со тажни вести односно почина нејзината мајка Драга Дедејска.

Во недела Ленче ја испратила нејзината мајка на вечна почивка.

Овие тажни вести на социјалните мрежи ги сподели братот на Кукиќ кој на „Фејсбук“ напиша: „Мамичке наша биди ни ангел, почивај во мир“, а под објавата се нижеа пораки со сочувство.

фото: фејсбук

Ленче не се огласи по тој повод и не напиша ништо на социјалните мрежи.

За потсетување, освен Ленче во „Никогаш не е доцна“ пред три години учествуваше и победи нејзиниот сопруг Горан Кукиќ кој неодамна ја издаде песната „Вињак мој“ за Гранд Продукција.

Останати вести од Радио Милева