Радио Милева

Таа сега е мажена, а тој во друг филм: Поранешната македонска љубовна двојка по неколку години на иста сцена (фото)

Таа сега е мажена, а тој во друг филм: Поранешната македонска љубовна двојка по неколку години на иста сцена (фото)

Од почетокот на нивната врска поминаа доста години, а пак од нивното раскинување околу пет.

За време на музичкото шоу „Идол“ нивните љубовни искри се родија, а подоцна прераснаа и во врска која траеше.

Пејчот Виктор Апостоловски и пејачката Јана Бурческа не се заедно веќе подолг период, но се едни од ретките и тоа од јавната сцена што и по врската функционираат како пријатели. Таа сега е во среќен брак од кој ја има малата Дона, а па тој во свој филм, посветен на музиката и ергенскиот живот.

фото:fashionel.mk

Во една прилика Виктор изјави дека со Јана се’ уште се пријатели и тој неизмерно ја поддржуваше кога таа настапуваше на Евровизија.

Пред се, ние сме пријатели, така што јас од срце и посакувам успешен настап, висок пласман и најважно од се, добра забава”, изјави тогаш Виктор.

Имено, вечеравечер се одржа забавата за новиот почеток на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, а на ревијата од брендот „Сара Фешн“ во стилот на ревиите од „Викторија Сикрет“ на сцената заедно со манекенките пееја токму Виктор и Јана.

Па така, поранешните љубовници повторно се најдоа еден покрај друг на истата сцена, но овој пат само како пријатели и колеги.

Според некое непишано правило, пријателството по љубовната врска речиси и да не успева, но во нивниот случај очигледно не е така.

Дека навистина функционираат како пријтели покажаа и со една заедничка фотографија на која позираа заедно, а истата се најде на социјалните мрежи.

Ова беше еден редок момент, кога една од бившите од љубовни врски на домашната естрада продолжува да  функционира на ваков начин, како пријателството на Виктор и Јана.

Инаку, Јана деновиве се впушти во телевизиските води, односно стана водителка на музичката емисија „Стисни Плеј“ на МТВ, а пак Виктор  ја промовираше својата нова песна насловена „ In the name of love“.