Радио Милева
пријатни сништа мамо

Таа одново е секси мама: Еве што сонува Тамара (ФОТО+ВИДЕО)

Таа одново е секси мама: Еве што сонува Тамара (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската пејачка Тамара Тодевска е во последната четвртина од бременоста. Онаа, втората по ред. Но тоа не ја спречува да биде она што отсекогаш знаела да биде!

Таква е и на последниот серијал фотографии кој ги потпишува Студио Артевски, на кои пејачката е сликана по теркот на светските ѕвезди: со разголен труднички стомак, во црн, проѕирен, мрежест фустан и секси долна облека… Тамара како привлечна секси мама!

„30 недела од бременоста, 75 % комплетирана…“ – шеговито напишала Тамара во постот покрај една од фотографиите на кои македонската поп ѕвезда уштеднаш покажа дека е вистинска дива… во секој поглед!

Во меѓувреме нејзината мала Хана го живее своето среќно детство, на свој начин. Познато е дека трудниците заради нивната „специфична состојба“  се хиперсензитивни, па многу од обичните нешта тешко ги поднесуваат и им пречат, особено ако се повторуваат неброен број пати… Како што Хана ја врти одново, и одново и одново… до бескрај својата омилена песничка, проследена со сопствена кореографија.

 

View this post on Instagram

 

Ne znam za vas, ama jas ja sonuvam vise pesnava😳🤦🏼‍♀️😂 A-ram-sam-sam 🤷🏼‍♀️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

„Не знам за вас, ама јас  ја сонувам више песнава“ – се пожали мама Тамара на социјалните мрежи, ама Хана затоа „пет пари не дава“, па си продолжи по свое: „А – рам – сам – сам…“!  Епа…пријатни сништа мамо!