Радио Милева

Таа не се плаши од короната: 93- годишната Добрила Ивановска Чабриќ прави шоу во Дојран (видео)

Таа не се плаши од короната: 93- годишната Добрила Ивановска Чабриќ прави шоу во Дојран (видео)
фото: принтскрин/грандонлајн

Добрила Ивановска Чабриќ (93) од Дојран на јавноста и стана позната по нејзиното учество во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“ каде што со својата енергија, харизма, талент…успеа да го освои регионот.

Деновиве на самоизолација и карантин поради короната, Добрила ги поминува во родниот крај, а деновиве излезе на улица, поточно покрај Дојранското езеро, запеа и им поправи расположнието на своите сограѓани.

фото: принтскрин/јутуб/никаднијекасно

„Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков вирус. Мене короната не ми пречи да го правам она што го сакам. Преживеав и полоши работи од пандемијата“ вели Добрила за „Гранд онлајн“  и додава дека во изолацијата конечно направила нешто за себе односно се посветила на пишување.

„Времето го поминувам многу корисно и никогаш не ми е досадно. Ја завршувам првата книга во која ќе ги раскажам сите детали од мојот приватен живот. Верувам дека ќе биде бестселер затоа што имам многу работи кои ќе бидат поучни за другите“ вели Добрила која некогаш била голема музичка и актерка ѕвезда во Русија и на Кипар.

фото: принтскрин/јутуб/никаднијекасно

Таа вели дека короната нема да ја спречи да го прави она што го сака односно да пее.

Токму затоа, 93 – годишната супер баба како што ја нарекоа во „Никогаш не е доцна“ излезе пред својот дом во Дојран и им запеа на сите на кои им недостигаше музиката.

фото: Принтскрин/јутуб/грандоналајн

„Иако имам 93 години, живеам живот кој е краток и убав. Искрено, дури сега на овие години ја гледам убавината на животот, а оној кој ќе ме запознае знае дека покрај мене времето брзо поминува. Ни корната не ми смета да живеам со полни гради и да сум среќна“ вели македонската победничка на „Никогаш не е доцна“.

Во продолжение погледнете како Добрила ги забавува своите граѓани во Дојран.

Останати вести од Радио Милева