Радио Милева
хумани херои

Таа ја спаси да не искрвари до смрт, а тој и ја спаси раката: Колегата на Деа ги посочи луѓето кои на настраданата водителка на ТВ Пинк им го должи животот (ФОТО)

Таа ја спаси да не искрвари до смрт, а тој и ја спаси раката: Колегата на Деа ги посочи луѓето кои на настраданата водителка на ТВ Пинк им го должи животот (ФОТО)

На водителката на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ, кој вчера наутро тешко настрада во ужасна сообраќајна несреќа на Дедиње, во  која речиси ја загуби раката, прва дотрчала да и помогне една девојка, за која подоцна се испоставило дека е  медицинска сестра, кој била во фаталниот автобус – открил водителот и колега на Деа од утринската програма на  ТВ Пинк, Предраг Сарапа, кој меѓу првите  пристигнал на местото на несреќата.

„Тешка несреќа! За среќа, Деа е добра. Сакам да и се заблагодарам на една млада девојка, медицинска сестра, кој помогна ​на Деа да и го запре првиот бран на крварење, а со тоа и го спаси и животот. Се надевам на брзо закрепнување и верувам дека Деа наскоро ќе биде со нас“ – изјавил Сарапа, многу шокиран и се’ уште под стрес на непријатен настан.

„На влезот во зградата на Пинк забележав дека имам повеќе пропуштени повици од моите колеги, бидејќи мојот телефон беше стишан. Таму дознав дека Деа имала некаква сообраќајка. Веднаш отидовме со моите колеги на местото на несреќата. Кога пристигнавме, наидов на језив сцена. Седеше на плочникот од тротоарот без рака. Не можам тоа да го извадам од мојата глава. Кога ја видов како лежи во таква состојба и кога ми рече дајте ми нешто против болка, не можев да издржам. Ова беше најтешката слика во мојот живот“ – додал Сарапа.

Човекот кој и ја врати откинатата рака на водителката е Проф. Д-р Марко Бумбаширевиќ.
Тој докторирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград во 1994 година. Професор е по ортопедска хирургија и трауматологија. Од 1990 до 2001 година бил раководител на Одделот за микрохирургија, а од 2001 до 2014 година бил директор на Клиниката за ортопедска хирургија и трауматологија во Универзитетскиот клинички центар во Белград. Д-р Марко Бумбаширевиќ е еден од основачите на микрохирургијата во Србија.

Фото: Курир/РТС/ Прва/ Пинк/ Инстаграм принтскрин