Радио Милева

„Таа е луда“: Новиот член на „Ѕвездите на Гранд“ прозбори за Јелена Карелуша

„Таа е луда“: Новиот член на „Ѕвездите на Гранд“ прозбори за Јелена Карелуша

Оваа сабота започнува новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, каде што ќе има и неколку македонски претставници.

Оваа година ќе има многу промени и нови правила, а на местото на Аца Лукас ќе седи пејачот Џорџе Давид.

Џорџе откри што мисли за Јелена која е позната по тоа што нема влакна на јазикот.

„Јелена среде емисија ми кажа: Гледај, мајсторе, полека. Тоа Јелена, Јелка, Јеца, Карлеуша, те молам, не ме викај така. Мене ќе ме викаш само Јелена“, вели пејачот и додава дека Јелена е луда. Тој истакна дека Карлеуша може да препознае дали некој може да биде ѕвезда или не.

фото: Ана Паунковиќ

Тој истакна дека пред неколку месеци Саша Поповиќ го поканил да биде таинствен член на жирито и дека му било интересно, а таа емисија била најгледана.