Радио Милева
името од баба и

Таа беше неговата миленичка, па и испеа и песна: Еве како всушност е вистинското име на Илда, ќерката на Шабан Шаулиќ (ФОТО)

Таа беше неговата миленичка, па и испеа и песна: Еве како всушност е вистинското име на Илда, ќерката на Шабан Шаулиќ (ФОТО)

Многу познати личности одлучија да го променат своето име на почетокот на нивната кариера. Некои го скратиле за  полесно да се памти,  други заради тоа што нивните имиња не биле звучни ги замениле со уметнички прекари, а некои дури и ги задржаа своите псевдоними или прекари од детството и младоста засекогаш.

Меѓу нив е и ќерката на починатиот крал на народна музика, Шабан Шаулиќ, Илда Шаулиќ, која исто така одлучи да го смени името, но таа ја избра слично на она што всушност и е нејзиното вистинско.

Имено, пејачката го наследила името од нејзината баба Илдуза, но таа одлучила да и се претстави на јавноста под името Илда, па така јавноста ја знае под тоа име.

Да ве потсетиме, таа беше љубимица на легендарниот пејач кој и ја посвети и песната со нејзиниот прекар, насловена “О Илда”.