Радио Милева

Сузана Турунџиева со оригинална честитка за Божиќните празници (видео)

Сузана Турунџиева со оригинална честитка за Божиќните празници (видео)

Бадник и Божиќ се едни од најзначајните празници кои ги поминува во кругот на семејството.

Трпеза полна со јадење и бадниковото лепче со паричка го карактеризираат Бадник. На Бадниковата вечер, се крши лепче со паричка, а според верувањата оној кај кого ќе се падне паричката ќе има убава, среќна и бериќетна година.

Дел од македонските јавни личности се пофалија кај кого се паднала паричката, па за нив оваа година ќе им биде среќна.

Сузана Турунџиева наместо да се пофали кај кого се паднала паричката, таа своите фанови ги почасти со песна.

Имено, Сузана имаше оригинална честитка за Божиќ. Имено, на својот „Фејсбук“ таа објави видео на кое ја свири и пее нејзината омилена песна, односно „Perfect“ од Ed Sheeran.

Додека вечерва се “пребројуваат” паричките кај кого паднале😀, јас ќе ви го честитам Бадник со мојата омилена песна и ќе посакам љубов, здравје и среќа да зацарува во секој дом…


За потсетување, Турунџиева 2018-та ќе ја памети по свадбата на својата ќерка Лора Туруниџева, во новата година ќе се реалзира во улогата на бабата.