Радио Милева

Сузана Спасовска стана баба – еве какво име доби нејзината внука

Сузана Спасовска стана баба – еве какво име доби нејзината внука
фото: фејсбук

Македонската пејачка Сузана Спасовска стана баба за првпат.

Имено, се породи нејзината ќерка Теона и на свет донесе девојче за кое го одбра името Клара.

Ново печената мајка на својот „Фејсбук“ објави дека 30 септември е најсреќниот ден во нејзиниот живот.

„Денес, на овој убав празник се роди нашата принцеза Клара. Биди ни жива и здрава, те сакаат мама и тато Viktor Vic Velkovski бескрајно“, напиша Теона.

фото: фејсбук

Среќната и радосната баба се огласи на својот „Фејсбук“ пишувајќи:

Дар Божји за родителите и радост голема! На 30ти Септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, среќна, насмеана, распеана и од Бога благословена. Ти благодарам Боже!

Сузе за ммс.мк вели дека вечерта (30.09.2020) кога се пораѓала  Тона не можела да спие од стрес, но и од среќа.

„Прво, нормално бев под стрес додека да се роди, да помине се како што треба, а потоа не можев од возбуда, од едно чувство на среќа кое не се опишува. Седев дома и чекав да ми се јават кога ќе се роди бебето. Прво плачев од неизвеснот, а кгоа ми се јавија дека Клара се родила и дека се во ред, уште повеќе продолжив да плачам од среќа. Какви емоции се тоа, не се опишува“ вели пејачката за ммс.мк

фото: фејсбук

Потсетуваме, претходната година во октомври Теона заплива во брачните води со Виктор Велковски, а на  свадбата највесела беше нејзината мајка.

Честитки, да е жива и здрава ќерката, внуката!

Останати вести од Радио Милева