Радио Милева

Сузана Спасовска: „Никогаш не сум била мажена, Теона е дете на човек со кој што бев во врска“ (видео)

Сузана Спасовска: „Никогаш не сум била мажена, Теона е дете на човек со кој што бев во врска“ (видео)
фото: Принтскрин/јутуб

Македонската пејачка Сузана Спасовска беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ каде што проговори за својата музичка кариера, за Нова година, за нејзините почетоци, приватниот живот.

Таа во емисијата истакна дека доколку за крајот на 2019 година не е работно, би сакала да го помине некаде мирно или пак дома во пижами.

фото: принтскрин/јутуб

Сузе во „Живот со стил“  раскажа и една случка која е се случила пред неколку години и таа Нова година ја памети како една од најтешките.

„Сите за Нова година сме расположени, среќни. А ние пејачите треба да бидеме расположени  и среќни. Се случи пред неколку години кога тргнавме на пат за Сиднеј каде што требаше да пееме за Нова година и тргнавме 3 дена пред нова година. Имаше многу магла, не се знаеше дали ќе полетаме.  Со куферите натака – навака…И на крај полетавме, но веќе во Истанбул, не можеме понатаму, моравме да преспиеме. Преспавме, од Истанбул заминавме во Хонг Гонг, а од таму директно во Сиднеј. Ние стигнавме вечерта во 18ч пред Нова година. Луѓето започнаа да се собираат во салата, а  ние имавме време само да се истушираме.  Тоа беше најтешката Нова година, кога требаше да бидам насмеана, а бев уморна, нерасположена. Дадовме се од себе“ вели Сузе.

фото: принтскрин/јутуб

Еден од најважните денови на Спасовска во 2019 беше денот кога ја омажи својата ќерка Теона.

„Теона е многу добар организатор. Повеќето работи сама си ги направи, заедно со момчето. Меѓутоа, јас сум секогаш тука кога треба да се помогне, а најмногу треба да се помогне кога треба да се плати. Сите работи ги правевме заеднички,се договаравме. Свадбата помина прекрасно, не очекував дека толку лесно ќе помине. Не го почувствував напорот на тој ден“ вели пејачката.

фото: Принтскрин/јутуб

Сузе откри дека најголема поддршка и се нејзините родители кои ја чувале Теона додека пејачката имала настапи.

Суза во емисијата откри дека никогаш не била разведена поточно дека никогаш не била во брак.

„Никогаш не бев омажена. Јас не сум имала брак, ниту во мојот ум не постои тој збор. Ако некој се сака, може да се сака и без брак. Јас не бев мажена, Теона е дете на човек со кој што сум била во врска, човек кој што замина кога Теона имаше една година и до денес ја нема видено,ниту прашано дали треба нешто. Јас и Теона си живеевме еден наш убав и мирен живот. Во тој период кога бев со тој човек не се омажив, но Теона е признаено дете. Во нејзиниот извод пишува кој е таткото“ вели Спасовска.

Суза истакна дека би сакала да оствари во улогата на баба, но вели дека се уште е рано. Исто така, пејачката откри дека во периодов не е заљубена.

Останати вести од Радио Милева