Радио Милева

Сузана Манчиќ се омажи за грчки банкар, па преживеа пекол од кој секојдневно е под стрес

Сузана Манчиќ се омажи за грчки банкар, па преживеа пекол од кој секојдневно е под стрес

Иако оваа година Сузана Манчиќ ја почна со свадба, следниот период за неа беше исполнет со стресови. Таа кон почетокот на летото се омажи за Симеон Оцомокис, по што продолжи да ужива во медениот месец, но потоа нештата тргнаа во погрешна насока.

Имено, неодамна еден портал објави дека нејзината ќерка настрадала во сообраќајна несреќа во Америка, поради што Сузана доживеала шок, но потоа беше утврдено дека станува збор за лажна вест.

Сузана целата оваа ситуација ја поврзува со хакирањето на нејзиниот мобилен телефон, поради што неколку месеци поминала низ многу невољи.

-Кога една таква информација ќе дојде до медиумите, за наводна смрт на дете, јасно е дека работата е крајно сериозна. Не смеам да тврдам дали тие две ситуации се поврзани, но се сомневам дека е така. Секако, сајбер криминалот го пријавив во полиција, дадов изјава и сега е на судот да одговори. Се надевам дека крајот ќе го видиме, а состојбата нема да се развлече, изјавува за „Hello“ Сузана.