Радио Милева

Сузана Гавазова во поход на фолк тронот и регионот: Брутално секси, „намачкана“ со сите бои, со хит и провокација тргна да ја освои целата нација (ВИДЕО)

Сузана Гавазова во поход на фолк тронот и регионот: Брутално секси, „намачкана“ со сите бои, со хит и провокација тргна да ја освои целата нација (ВИДЕО)

Сузана Гавазова дефинитивно тргна во поход на српската естрада, од каде нема назад. Целта е една, јасна и недвосмислена: Со песна и провокација да ја освои секоја нација во регионот и да се искачи на фолк тронот.

По дебито со песната „Хало“ и видеото за неа, кое го режираше Харис Дубица, истиот човек со кој соработува и Лепа Брена, Гавазова ги прошета српските телевизии и шоу програми, а неодамво гостуваше и во емисијата „Гранд магазин“, каде откри од каде и е идејата да работи со таа екипа.

„Ги гледав спотовите од Лепа Брена и секогаш велев тоа се вистински песни, вистински спотови. Тие спотови имаат некаква душа. Мојот сопруг е од Босна и ми кажа „ајде да видиме кој ги правеше тие спотови“. Тој виде дека тоа е Харис Дубица  и истакна дека е човек од неговата земја. Ја видовме целата организација и луѓето кои работеле на тие спотови и најдовме контакт. И одлучивме да соработуваме со Дубица и да направиме спот“ – рече Гавазова, додавајќи  дека е презадоволна, зашто видеото за месец и нешто има повеќе од 400 000 прегледи на „Јутуб“.

Не помина долго, а атрактивната струмичанка веќе има нов адут. Најновата песна и видеото за неа, веќе се во етерот. Гавазова во него е уште попривлечна, попожелна, позаводлива… Брутално секси, како и девојките кои се појавуваат со неа во спотот.

Гавазова „Намачкана“ со сите бои, со хит и провокација тргна да ја освои целата нација.

Како тргнала, сексапилната струмичанка е на најдобар пат да им ги „замрси конците“ и „измеша лончињата“ на многу од попознатите колешки од Белград.

Како и да е, српската естрада добива сериозна конкуренција во македонската пејачка свита ( Гавазова, Велевска, Сања – Барбика…). Можеби нема да чекаме долго „Гранд“ или „Пинк“ да паднат на колена, токму од македонските фолк девојчиња.

 

 

Останати вести од Радио Милева