Радио Милева

Сузана Гавазова повторно смени имиџ ама ретко кој забележа поради остатокот во кадарот (фото)

Сузана Гавазова повторно смени имиџ ама ретко кој забележа поради остатокот во кадарот (фото)
фото:инстграм/сузанагавазова

Велат дека жините најчесто се одлучуваат за нов изглед и имиџ кога им се случува некоја промена или нешто ново во животот.

Ова правило очигледно важи за фолк пејачката Сузана Гавазова која неодамна се отсели од Шведска каде живееше и се врати на домашен терен, а веројатно тоа беше доволно за да направи стилска трансформација, најпрвин за себе, сопругот, па и публиката.

Досега многупати сме пишувале за нејзините храбри промени, а ова лето таа се реши за една проверена и стандардна варијанта од себе.

фото:инстаграм/сузанагавазова

До неодамна Сузе беше во јатото русокоси, а сега со новата промена премина во црнокоси, иако периодов не се актуелен тренд темните нијанси.

Пејачката на својот Инстаграм се пофали со промената, но ретко кој реагираше со коментар, веројатно поради тоа што веќе ја виделе во вакво светло.

фото:инстаграм/сузанагавазова

Но, она што дефинитивно не му бега на погледот, се нејзините бујни гради кои никогаш не „излегуваат“ од тренд.

Длабокото деколте само го нагласи раскошот, а окото избистри фокус на највпечатливото!

Останати вести од Радио Милева