Радио Милева
обострано летно задоволство

Сузана Гавазова покажа во што ужива таа, а во што можат да уживаат нејзините обожаватели (ФОТО+ВИДЕО)

Сузана Гавазова покажа во што ужива таа, а во што можат да уживаат нејзините обожаватели (ФОТО+ВИДЕО)

Сузна Гавазова малку настапува, малку летува. Сезоната максимално ја користи ем да ги развесели своите обожаватели, ем да ги наполни батериите, па од сето тоа да сподели по некое видео и некоја слика, што ќе ги покажѓе во првата прилика… на социјалчните мрежи!

Батериите лете најдобро се полнат некаде на сонце, крај вода, на плажа… А, кога веќе е на плажа, Гавазова не пропушта да покаже како, во што и со кого ужива!

Згодна, расна, сексапилна, Сузана дел од времето го минува во сепарето… Лесно се забележува дека се освежува со пијалак, а денес на „дринк-менито“ и е – Мохито. За подобра забава, релаксирање и уживање во летото и неговите благодети.

Сепак, уживањето не е комплетно, доколку не го споделиш со некого. А летото, плажата, сонцето… и сето друго, Сузана ги споделува со својата љубов – сопругот Јасмин!

Тоа е тоа во што таа ужива, ова лето. Ама таа не би била таа, ако не сподели, барем на социјалните мрежи ако не поинаку и нешто, во што можат да уживаат и нејзините обожаватели.

Покрај нејзината песна  се разбира, Сузана не пропушта следбениците на социјалните мрежи да ги почести со по некоја нова провокативна фотографија или видео.

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on

За и тие да поуживаат во глетката и од поблизу да ја доживеат Гавазова кога покажува, како изгледа кога трчка во плиткото, крај брегот! За обострано летно задоволство, се разбира!