Радио Милева
кафеаната ја замени со тертаната

Сузана Гавазова покажа на што е седната додека се поти… (ФОТО)

Сузана Гавазова покажа на што е седната додека се поти… (ФОТО)

Македонската фолкерка Сузана Гавазова важи за една од најзгодните пејачки на  естрадата. Ама очигледно таа не е докрај задоволна од својата става, па цврсто решила да ја коригира, со тоа што ќе го исцеди и последниот грам сало од себе. А за ваков зафат има само еден лек – пост и тренинг!

Затоа сексапилната струмичанка веднаш штом по Божиќ се врати во Шведска каде живее со својот сопруг Јасмин и дечињата, се фрли на интензивно вежбање, па кафеаната ја замени со теретаната!

Зда се справи со несканата тежина, а да добие на дефиниција, Сузана микрофонот го замени со спортските справи! Таа добро ја знае лекцијата: „Ако сакате да бидете вити, фатете се за спортски реквизити“, па затоа под будното око на својот ем сопруг ем тренер, овој пат во спортска маичка по прерамки и хеланки наместо во жартиери и килоти, тргна да се поти!

Ефектот видлив уште на прва со голо око… Возбудата на бујната фолк ѕвезда – исто така… Особено под маичката!  Па ако продолжи со истотот темпо да вежба вака, очигледно ќе нема мака набрзина да го постигне саканиот естетски ефект… Иако, искрено речено, попусто се жали, зошто и вака на Гавазова ништо не и фали!

Арно ама жените, особено оние од естрадата  се перфекционисти кога се во прашање нивниот изглед и фигура, па затоа Гавазова се фрли на нова тура тренинг и фискултура! Седна и со столчето се сплоти, а патем покажа на што седи, додека се поти!

А, како што е познато, тренингот без пост – нема ефект, па за да не го расипе впечатокот и потоа одново да си наоѓа маани, Гавазова строго внимава и со што се храни!

Интегралниот леб и тестенини се задолжителен дел во оброците на фолкерката, како и останатите сегменти на постот, кој е ем практичен ем корисен: како надополнување на добриот изглед, а и за здравјето на организмот!

Е сега, дали постот е апсолутен, односно дали фолк ѕвездата пости на сите полиња или напротив, „вежба и по дома“ и двојно се поти за да го забрза процесот…?!

Прашањето е мошне специфично, затоа останува да ја прашате неа – лично!