Радио Милева
и дама и домаќинка

Сузана Гавазова од плажа на лозје: И осамена сирена на дива лагуна и дама на нива (ФОТО)

Сузана Гавазова од плажа на лозје: И осамена сирена на дива лагуна и дама на нива (ФОТО)

Кршна, стројна, бујна… Надарена и со стас и со глас, ама очигледно и за други работи. Како домаќинлук, на пример. Тоа е она што се гледа и слуша, за другото, има кој си знае…

А кога ја слушаш срцето ти се разигрува, душата ти се растреперува, од радост или тага, во зависност од емоцијата што ја носи песната што ја пее… Кога ќе ја погледнеш пак, сонце те огрева, та било тоа и на залез…

Зашто Сузана Гавазова толку зрачи со својот сексапил што каде и да е, на која локација и да се наоѓа, го одзема здивот. Особено кога ќе ги истакне своите телесни атрибути, како на плажа на пример.

Гавазова се збогуваше со летото така што реши да ги впие последните сончеви зраци на една од грчките плажи… Пуста, празна пред зајдисонце, а на неа Гавазова како ја заплиснуваат брановите… Во секси бикини и однапред и одзади Сузето уште еднаш покажа со што располага… привлечна, пожелна, секси, како осамена сирена на дивата лагуна.

А штом се врати дома во Македониија, Сузето му се врати на она од каде припаѓа… Прв предизвик, есенската берба на грозје.

А таму убавицата во тело на ѕвер, како вистинска дама на есенскиот гроздобер.

Промета во бела дамска руба, со бела кошничка полна грозје в раце, иако закопчана до грло, Сузето уште еднаш покажа дека знае да биде и дама и домаќинка… И на сцена и на нива. Тоа е барем јасно од она што се гледа… За другото рековме, има кој си знае…!

 

Останати вести од Радио Милева