Радио Милева
еден поглед менува се'...

Сузана Гавазова има нова боја на очи, ама кој да ја гледа во очи, кога она што се гледа под сините леќи, ќе ве обори на плеќи! (ФОТО)

Сузана Гавазова има нова боја на очи, ама кој да ја гледа во очи, кога она што се гледа под сините леќи, ќе ве обори на плеќи! (ФОТО)

Македонската фолкерка Сузана Гавазова е кралица на трансформациите. Сузето знае дека еден ист изглед бргу им здосадува на обожавателите, па затоа пејачката често го менува. Најмногу заради кариерата, иако тоа може да биде корисно и за по дома, за брачниот живот и брачната интима.

Како и да е, пејачката сме ја гледале во разни изданија: црнка, бринета, русокоса, со или без кркми,  со права “пеглана“ или кадрава виткана фризура, со бричена глава… И во секое издание, атрактивната струмичанка изгледа привлечно и секси!

Впрочем има и зашто… мајката природа не штедела кога давала, а естетската хирургија само малку додала и коригирала за изглед близу совршенство…

Она што го немаше досега Сузето, можеби беше бојата на очите по нејзин вкус! Арно ама и за тоа има чаре, па темно кафените и длабокиот заводлив поглед, пејачката ги замени со светло сини леќи, кои во комбинација со соодветна шминка очите ги прават покрупни и поизразени, а погледот… Да се заљубиш „на прв поглед“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana (@suzanagavazova) on


Токму затоа Сузето сакаше да го изрекламира новиот изглед и поглед на светот, преку социјалните мрежи и својот Инстаграм профил! Еден поглед менува се’, само… зависи каде ја гледаш!

Нејзиниот поглед е преубав, ама она што го нуди видокругот на нашиот поглед на пејачката, ги фрла во сенка новите леќи. Кој што сака нека мисли или нека каже, ама се’ уште онака раскошна и бујна, со деколте кое ги открива нејзините главни адути…  Кој да ја гледа Гавазова во очи, кога она што се гледа малку подолу, под сините леќи, ќе ве обори на плеќи!

 

Останати вести од Радио Милева