Радио Милева

Стручни лица за говорот на телото откриваат: Принцот Хари и Меган Маркл глумат заљубеност во јавност?

Стручни лица за говорот на телото откриваат: Принцот Хари и Меган Маркл глумат заљубеност во јавност?
LONDON, ENGLAND - JUNE 29: Prince Harry, Duke of Sussex and Meghan, Duchess of Sussex attend the Boston Red Sox vs New York Yankees baseball game at London Stadium on June 29, 2019 in London, England. The game is in support of the Invictus Games Foundation. (Photo by Peter Nicholls - WPA Pool/Getty Images)

Бидејќи се породи пред осум недели, никој не очекуваше дека Меган Маркл ќе се појави на бејзбол натрпеварот меѓу Босотон Ред Сокс и Њујорк Јенкиј.

За своето трето појавување во јавност, Меган Маркл одбра црн фустан.

На натпреварот, кралската двојка од двете екипи доби мали дресови со името на нивниот син Арчи.

Стручните лица тврдат дека од нивниот допир може да се заклучи дека биле заљубени како никогаш досега и дека раѓањето на синот не влијаело на нивниот однос.

фото: гуливер/гети

Се држеле за рака, гледале нежно еден во друг, а Хари во една прилика ја ставил раката врз рамото на Меган.

„Изгледаат како заљубен пар, користат силен контакт со очите“ вели Џуди Џејмс и додаде:

„Многу се опуштени, имаат нежен израз на лицето, а таа често ја врти својата глава кон него“.

Сепак, Џуди смета дека нивното однесување е однапред смислено за да им покажат на јавноста дека се во добри односи.

„Ова изгледа како нивен службен одговор дека се и понатаму заљубени“ вели Џејмс.