Радио Милева

Столе Стоилов откри пред јавноста како изгледаше денот на неговата венчавка (фото)

Столе Стоилов откри пред јавноста како изгледаше денот на неговата венчавка (фото)
фото:столе стоилов/инсатграм/принтскрин

Деновиве еден од нашите најдобри ракометари и кепитен на „Вардар“, Стојанче Стоилов „заигра“ на брачен терен!

Имено, тој се потпиша во матично и својата љубов со саканата Деница Огненовска ја официјалнизираше на документ.

Со изводот од Книгата на венчани, Столе и Деница возбудени од денот „Д“, направија мини фотосесија како Г-н и Г-ѓа Стоилов, а потоа и интимна забава со најблиските.

Тогаш неговиот брат Стефан објави една фотографија и со тоа пред јавноста и медиумите откри дека во нивниото семејство и официјално имаат снаа и бебе на пат.

фото:столе стоилов/инсатграм/принтскрин

За Столе напишавме дека е резервиран кога приватноста во порашање, но тој направи преседан и објави неколку фотографии од венчавката.

фото:столе стоилов/инстаграм/принтскрин

За потсетување, Столе и Деница чекаат бебе, чиј пол засега е се уште непознат, а сега веќе брачните партнери претходно беа во неколкумесечна врска.