Радио Милева

Стави потпис во матично: Се омажи ќерката на Наум Петрески

Стави потпис во матично: Се омажи ќерката на Наум Петрески

За Наум Петреска и неговата ќерка Анастасија Петровска, Новата година започна на убав начин, па веќе уште на самиот почеток ќе имат спомени од 2019-та.

Имено, Анастасија претходната година на Божиќ се сврши со нејзиниот партнер Владимир Поповски.

Деновиве, Анастасија стави потпис во матично и стана госпоѓа Поповски, а нејзиниот татко доби зет. Сведоците и кумот на свадбата споделија фотографија од самиот чин на потпишување.

foto: facebook

Инаку, парот чека принова и оваа година ќе се остварат во улога на родители на своето прво дете, а Наум ќе стане дедо.

„Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави неодамна Петрески за Скопје 24

Честитки и многу среќа во заедничкиот живот.