Радио Милева

Статуетка и песна се загарантирани за победникот во „Ѕвездите на Гранд“, а еве што друго во четврток ќе освои најдобриот

Статуетка и песна се загарантирани за победникот во „Ѕвездите на Гранд“, а еве што друго во четврток ќе освои најдобриот
фото:принтксрин/инсатграм/ѕвездите на гранд

Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се одржи во четврток, а 16-те финалисти ќе се борат за победа.

Досегашните победници обично добиваа песна и автомобил, а Саша Поповиќ реши оваа година дополнително да го награди натпреварувачот кој публиката и жирито со заеднички гласови ќе го направат победник.

Токму најбобриот годинава ќе добие автомобил, песна, спот, како и една специјална награда – настап на фестивалот „Улаз“ во Белград кој ќе се одржи од 11-13 јули, открива Саша Поповиќ за српските медиуми.

Инаку, македонија има четворица финалисти кои ќе се борат за победа, а тоа се: Мартинијан Кириловски, Дарко Коцевски, Огнен Здравковски и Филип Пецовски.

Останати вести од Радио Милева