Радио Милева

„Стареам, а родендените ми се помалку важни“: Чола наполни 68 години и откри моменти од приватноста за кои досега не зборувал!

„Стареам, а родендените ми се помалку важни“: Чола наполни 68 години и откри моменти од приватноста за кои досега не зборувал!
фото:инстаграм/здравкочолиќ

Здравко Чолиќ неодамна наполни 68 години, а роденденот го прослави со сопругата и ќерките.

-Како стареам, родендените ми се помалку важни. Обично ги обележувам со семејството и пријателите, зависи од местото каде се наоѓам. Всушност, тоа е повод да се собереме, да наздравиме и малку да се дружиме. Важно е дека сме здрави. Не размислувам за времето кое минува, вели Чола за босанскиот портал „Klix.ba“ и додава:

-Стареам, но се уште го имам тој оптимизам во себе и носам добро расположение и љубов кон луѓето. Веројатно својствена ми е позитивната енергија која ја имам и која се обидувам да ја задржам, а работата со која се занимавам е врзана со луѓе и публика, па тоа не некој начин ме одржуава.

фото:инстаграм/здравкочолиќ

Славнот пејач открива како е да се живее со три жени – сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.

-Преемотивен сум и не можам да бидам строг, па децата го „водат орото“. Многу е одговорно да се живее со три жени, но и многу убаво, вели Здравко Чолиќ за својата приватност и семејството.

Останати вести од Радио Милева