Радио Милева
ги „исече“ во старт

Станија објави дека влегува во „Задруга 2“, па уште во старт ги испровоцира другите учесници (ФОТО)

Станија објави дека влегува во „Задруга 2“, па уште во старт ги испровоцира другите учесници (ФОТО)

Победникчката на шестата сезона на реалното шоу „Фарма“, српската старлета Станија Добројевиќ, влегува во „Задруга 2“!

Старлетата потврди на нејзиниот Инстаграм профил дека повторно ќе ја гледаме на „розовата телевизија“, па  и и се обрати на својата армија  обожаватели со јасна порака:  „Армијо, одиме по  двојна круна“? – напишала Станија, потврдувајќи дека е подготвена да влезе во шоуто во кое очекува победа и дека ќе ја „збрише“ конкуренцијата, што останатите учесници го протолкуваа како провокација упатена до нив.

Станија важи за привлечна девојка, а нејзините провокативни фотографии на Instagram ги следат стотици илјади верни обожаватели, па затоа не се сомневаме дека гледачите на „Задруга 2“ сакаат таа да биде еден од новите учесници кои на ТВ екраните ќе можат да ги гледаат од 6-ти септември.

Ве потсетуваме дека Станија беше во финалето на фармата со Тамар Ѓуриќ, а  ја однесе победата поради огромната поддршка на навивачите на Кристијан Голубовиќ кои гласаа за неа.