Радио Милева

Српските твитерџии удрија по новата девојка на Кијану Ривс

Српските твитерџии удрија по новата девојка на Кијану Ривс
фото: гуливер гети имагес

Кијану Ривс (55) се појави на јавен настан со партнерката Александра Грант (46), што, верувале или не, е негов прв јавен настап со девојка досега!

Двајцата пристигнаа на „LACMA Art + Film Gala by Gucci“ во Лос Анџелес во саботата, 2-ри ноември, држејќи се за раце, со широка насмевка позирајќи за собраните фоторепортери.

Александра и Кијану се пријатели и соработници првенствено со години. Таа работеше и на неговата книга „Ode to Happiness“ која е издадена во 2011 година.

фото: фуливер гети имагес

Тоа беше нивна прва соработка и тие продолжија да соработуваат и во 2016 година на книгата „Shadows“, чиј автор е исто така Ривс, а илустрациите се дело на Грант.

Откако овие фотографии го заобиколија светот, корисниците на социјалните мрежи имаа непријатни коментари за актерот и неговата девојка.

Она што најмногу и  забележуваат твитерциите на Грант е што не се поклопува со стандардите за убавина.

„Под итно да се покрене петиција за Кијану Ривс да ја остави девојката. Па кога можевме Касандра да ја извлеече од затвор, може и на Кијану да го решиме раксинувањето“.

„Кијану, те молам најди друга риба, се ти е простено“.Ова се само некои од комемтарите кои може да се прочитаат на „Твитер.

 

 

Останати вести од Радио Милева