Радио Милева

Српските jaвни личности покажаа како ги офарбале Велигденските јајца (фото + видео)

Српските jaвни личности покажаа како ги офарбале Велигденските јајца (фото + видео)
фото: Инстаграм

Српските јавни личности на социјалните мрежи се пофалија со вапцаните и декорирани Велигденски јајца, а според приложеното може да се забележи дека биле доста креативни.

Ана Кокиќ

Пејачката Ана Кокиќ ги вапцуваше јајцата во согласнот со моменталната ситуација. Имено, пејачката јајцата ги декорираше со нацртани очи и маска. Јајцето – чувар е во црвена боја, а белото носи симболична порака – остани дома.

фото: инстаграм

Лидија Вукиќевиќ

Актерката на својот „Инстаграм“ објави видео и покажа како изгледа нејзиниот дом за време на Велигден.

„Велигден е најголем христијански празник со кој се прославува враќањето на Христос меѓу живите – воскреснување. Среќен ви Велигден“ напиша Лидија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija) on

Јелена Карлеуша

Пејачката Јелена Карлеуша и овој пат беше поразлична од другите. Таа на „Инстаграм“ објави фотографија на која покажа како изгледаат фарбаните јајца во нејзиниот дом, а меѓу нив и едно јајце од ној.

 

фото: инстаграм

Милица Тодоровиќ

Милица Тодоровиќ ги изненади фановите со објава во традиционална носија, а откри како ќе ги помине празниците.

„Овој Велигден ќе го прославам во Крушевац, заедно со моето семејство. Многу сум среќна. Семеен Велигден како во детството,  многу смеа, добра музика, позитивна енергија, сјајна храна“ напиша Тодоровиќ.

фото: инстаграм

Зорана Јовановиќ

И најпознатата српска блогерка Зорана Јовановиќ ја покажа својата креативност за вапцување на јајацата.

„ Не сакам силни бои, тоа не ми е интересно. Не сум екперт во ова, но мислам дека направив супер јајца“ напиша Зорана

фото: инстаграм

Останати вести од Радио Милева