Радио Милева

Српските медиуми тврдат: „Карлеуша и Тошиќ се разведуваат“ – пејачката се огласи и ја откри вистината

Српските медиуми тврдат: „Карлеуша и Тошиќ се разведуваат“ – пејачката се огласи и ја откри вистината
фото: Инстаграм

Од почетокот на самата година, српските медиуми не престануваат да пишуваат за приватниот живот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.

Меѓутоа, деновиве курир.рс и уште неколку други медиуми пишуваат дека Карлеуша и Тошиќ дефинитивно се развеле по 11 години брак.

Наводно, на Карлеуша и припаднало старателството на малолетните ќерки, 3 000 евра и новата вила на Дедиње, додека на Душко му припаднал пентхаусот во кој претходно живееле.

фото: Притнскрин/курир.рс

По овие написи, Јелена Карлеуша се огласи на својот „Инстаграм“ и уште еднаш ги демантираше овие пишувања.

„Овие од Курир и останатите дневни весници, веќе 11 месеци се обидуваат да ми го уништат семејството. Толку отворена желба и омраза во животот, немам видено. Отворено, без срам. Кога 11 месеци не успејаа, а се трудеа, отидоа чекор напред – курир.рс ме разведе, ми го подели имотот, ја определи алиментацијата и се тоа додека мојот сопруг се наоаѓа на другиот крај од светот. Ова омраза и желба да се наштети на моето семејство кога – тогаш мора да се врати. И вие имате деца. Кармата е чудо. Само полека“ напиша Јелена на својот „Инстаграм“.

фото: принтскрин/инстаграм

За потсеутвање, кризата во бракот на Јелена и Душко започна кога во медиумите беа објавени експлицитни фотографии од пејачката кои наводно ги праќала на Огњен Врањеш, босанскиот фудбалер со кој наводно Јелена го изневерила сопругот.

Останати вести од Радио Милева