Радио Милева

Српските медиуми откриваат која наводно е девојката на Марија Шерифовиќ

Српските медиуми откриваат која наводно е девојката на Марија Шерифовиќ
фото:марија шерифовиќ/инстаграм

Веќе некое време, како што пишува српскиот портал „Курир.рс“, Марија Шерифовиќ се гледа со една од најубавите српски жени од јавната сцена, која е во брак со синот на моќен и влијателен бизнисмен.

Љубовниот живот на популарната пејачка отсекогаш бил интригантен, особено затоа што јавно призна дека е наклонета кон истиот пол. Но, пејачката која и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година успешно ја задржа приватноста. Како што пишува „Курир.рс“, Марија веќе една година е во врска со снаата на едно од најбогатите српски семејства.

Ве потсетуваме дека пред извесно време Марија објави фотографија на својот профил на „Инстаграм“ како се држат две раце, но како што подоцна се изјасни, истата била од „Пинтерест“.

фото:марија шерифовиќ/инстаграм/принтскрин

– Тие почнаа да се гледаат тајно, неколку дена по запознавањето. Најпрво никој не се сомневаше во тоа, затоа што Марија е секогаш опкружена со некои пријатели кои ја следат насекаде, а дамата со години е среќно мажена за наследник на моќната династија. Така, за првите неколку месеци, сè беше многу опуштено за нив и околината. Но, како што одминуваше времето, тие стануваа сè повнимателни – открива извор близок до Марија и додаде дека одредена дама секогаш имала посебно место на концертите на Марија, што било сомнително за сите.

фото:марија шерифовиќ/инстаграм/принтскрин

– Марија и нејзината снаа биле видени неколку пати во познати белградски ресторани, се држеле за раце, имало нежни допири, бакнежи – вели соговорникот за споменатиот медиум.

Останати вести од Радио Милева