Радио Милева

Mедиумите го нарекоа новиот Тоше Проески: Презгодниот Македонец со песна од Драгојевиќ растури во „Ѕвездите на Гранд“

Mедиумите го нарекоа новиот Тоше Проески: Презгодниот Македонец со песна од Драгојевиќ растури во „Ѕвездите на Гранд“
фото принтскрин/инстаграм

Во новата сезона на регионалното музичко шоу настапува и Мартинијан Кириловски од Куманово.

Мартинијан е во групата кај Јелена Карлеуша која му е ментор и заедно со Ивана Петерс работат со Мартинијан.

Во последната емисија на музичкото шоу настапуваше и Македонецот во дуел со Марта Јовичиќ.

Тој успеа да ја воодушеви публиката и да помине директно во четвртиот круг.

За Кириловски пишуваат и медиумите во регионот. Така на еден портал осамна следниот наслов:

„Ова е новиот Тоше Проески?Презгодниот Македонец Мартинијан среде Белград растурси со „Цезарица“, а песната му ја одбра Јелена Карлеуша“.

фото: Принтскрин

Мартинијан  на сцената на „Гранд“ се претстави со „Цезарица“ и „Волим осмех твој“.

Тој ги освои сите гласови и помна во следниот круг.

„Ти си толку харизматичен, толку сладок, толку секси, пресекси. Ти ќе бидеш голема ѕвезда“ му порача Јелена.

Како се претстави Мартинијан може да погледнете во видеото подолу.