Радио Милева
тамара ја роди тамара

Српската старлета Тамара Ѓуриќ бремена прележа корона, па само што се породи, веднаш го покажа бебето во јавноста: „Очи мои убави…“ (ФОТО)

Српската старлета Тамара Ѓуриќ бремена прележа корона, па само што се породи, веднаш го покажа бебето во јавноста: „Очи мои убави…“ (ФОТО)

Српската старлета Тамара Ѓуриќ се породи вчера, 03 јануари 2021  и роди здраво девојче кое го доби истото име како и мајката – Тамара. Имено, таа на својот Инстаграм профил за прв пат објави фотографија од нејзината ќерка Тамара.

„Очи мои убави“, напиша среќната мајка. Раѓањето поминало во најдобар ред и Тамара родила здраво девојче.

„Се чувствувам прекрасно… Да знаев, порано ќе родев бебе. Ништо не може да се спореди со ова чувство“ – рече Тамара Ѓуриќ за Пинк. Старлетата неодамна откри дека имала проблеми со бременоста.

„Расположението ми е малку променливо, но генерално е добро. Немав гадење, непријатност, нагло слабеење, но бев психички нестабилна во текот на целата бременост. Во четвртиот месец имав голем проблем и го решив. Фатив коронавирус и потешкотии во бременоста. Фетусот требаше да се исчисти затоа што јас не бев добро, а не плодот. Тогаш еден професор рече дека сето тоа може да си дојде на свое,  иако  јас веќе закажав термин за чистење. Но, фала му на Бога се заврши како што треба. Не верував дека ќе се реши. Не е дека ја криев бременоста. Сакав да сум бремена и да имам бебе. Сега се  чувствувам повеќе како жена отколку порано“ – изјави таа за Блиц.

Фото: Инстаграм принтскрин/tamarastar89/Дејан Миличевиќ

Останати вести од Радио Милева