Радио Милева
по истите стапки, на различен начин

Српската раперка со бесрамни фотографии ги распламти машките мечти: Сајси Ем Си е ќерка на некогаш познатиот рокер кој растури во „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Српската раперка  со бесрамни фотографии ги распламти машките мечти: Сајси Ем Си е ќерка на некогаш познатиот рокер кој растури во „Никогаш не е доцна“ (ВИДЕО)

Ивана Рашиќ, попозната како Сајси Ем Си, ги „почести“ своите следбеници на Инстаграм со новообјавени  бесрамни фотографии.

На нив доминантни голите гради на раперката на кои ги покрила само брадавиците. Ова се фотографии направени како дел од снимањето на нејзините нови песни „Бес“ и „Не давај ми“. 

Со своите провокативни фотографии, Сајси промовира ја промовира својата визија за женската свест и сексуалност, во кои според неа „нема ништо лошо“, ниту пак срамно и вулгарно.

Инаку, за помалку упатените Сајси е ќерка на подзаборавениот рокер, некогаш големата sвезда на поранешна Југославија и прв пејач на групата „Генерација 5“, Јован Рашиќ, кој се појави на музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“ каде растури со својата изведба и изненади многумина, оставајќи ги со подзината уста.

Особено при изведбата на она што најмногу му лежи – рок класиците како на пример „Here I go again“  од легендарните „Whitesnake“.

Јован беше голема рок sвезда пред 40-ина години и пејачот кој прв ја отпеа песната „Доаѓам за 5 минути“, но со текот на времето и се посвети на својата вокација – стоматологијата. Животот го продолжил во Заечар, каде основал семејство и работел до пензионирањето, но малкумина знаеа дека токму тој е татко на познатата раперка Сајси МЦ.  Денес, Рашиќ е пензионер и живее во неговиот роден град. Тој ретко зборува јавно за своите ќерки, иако е многу горд што и двете тргнаа по неговите стапки.

Погледнете една од неговите маестрални рок изведби во „Никогаш не е доцна“:

 

Останати вести од Радио Милева