Радио Милева

„Среќа е тоа што го имаат едноставен живот“: Сопругата на Кили опиша во какво семејство се омажи ќерка им на Еквадор (фото)

„Среќа е тоа што го имаат едноставен живот“: Сопругата на Кили опиша во какво семејство се омажи ќерка им на Еквадор (фото)
фото:фејсбук/горданаденапопхристова

Ќерката на актерот Кирил Поп Христов и кореографката и професорка по свовремен танц, Годрана Деан Поп Христова, Јоана, се омажи на Еквадор – земјата каде заедно се преселија пред неколку години.

Веста дека нивната наследничка се омажи со момче од Еквадор, брзо се рашири во македонските медиуми и го привлече вниманието на јавноста.

фото:фејсбук/горданадеанпопхристова

Јоана освен тоа што стапи во брак, наскоро ќе стане мајка и со сопругот ќе се остварат во улога на родители.

фото:фејсбук/горданадеанпопхристова

Откако Гордана и Кили преку социјалните мрежи открија дека нивното чедо се омажи, Гоца почувствува потреба повторно да се огласи на својот профил и да опише во какво семејство се омажи нивната Јоана.

фото:фејсбук/горданадеанпопхристова

Другари мили, фамилијата на зетот ни е традиционална и живее по сите старо еквадорски правила: многу љубов, поврзаност, многу деца, среќа е тоа што го имаат, едноставен живот. Јоана ја прифатиле како да е нивна. Им припремиле забава за младенците во нивниот стил, сестрите на зетот спремиле храна, торти и го украсиле локалот со сета љубов и грижа. Прекрасни луѓе, фала!, напиша Гордана во статусот.

фото:фејсбук/горданадеанпопхристова

фото:фејсбук/горданадеанпопхристова

Освен тоа, таа сподели и уште неколку фотографии од венчавката, подготовките на невестата, како и од првиот ден на младите во бракот.