Радио Милева
што и кој, каде и лежи?

Среде свадба, Лила во дилема: Да го фаќа бидермаерот или не, па брзо откри што и кој и лежи на срце?! (ВИДЕО)

Среде свадба, Лила во дилема: Да го фаќа бидермаерот или не, па брзо откри што и кој и лежи на срце?! (ВИДЕО)

Лила Филиповска беше на свадба. Не на своја –  кај свои пријатели. Еднаш, па уште еднаш… Сите бевме убедени дека и е доста од сопствени свадби. Арно ама, по се’ изгледа дека не ќе е така.

Водителката очигледно понесена од свадбената атмосфера и штимунгот што го направи музиката каде главна ѕвезда беше познатиот скопски забавувач  Жаре – „Бербер“, почна да размислува поинаку од досега. Како и растеше расположението, така се’ повеќе и работеа емоциите, па откако музиката и ја погоди песната, водителката среде чочек запеа заедно со „Береберот“, па несакајќи откри „што и лежи на срце“.

Имено, како свадбата течеше се наближуваше и моментот кога невестата треба да го фрла бидермаерот, по кој Лила вообичаено „не трча“, ама сега… Како да и влезе некој црв, да и подзаигра срцето, па во неа почна да се буди желба за… „трета мајка“!  Среде свадба Лила во дилема:  „Да го фатам бидемаерот, или… не?“ Обавезно или никако?   „Треќа – среќа“ или „мачка во вреќа?“  Вистинска желба или само моментална слабост на водителката?

За да не биде дека донела погрешна одлука набрзина, Лила побара совет од своите обожаватели и следбеници на Инстаграм. Не дека веднаш ќе го добие одговорот, ама барем кога другиот ден ќе ги собере гласовите,  да „не и е криво“!

Во меѓувреме, Лила сепак реши да земе парче од „невестинската торта“, кое им следува на сите немажени девојки за „да ги фати маја“, па што побргу и ним да им дојде редот за мажачка.

Своето парче торта Лила си го кркна како „поп сарма“, па кај мажите го запали црвениот аларм: „Земав торта, мислете му ја!“

До душа, некој ќе се радува, а некој нека му ја мисли… Зашто Лила си кажа „што и лежи срце“… Уште да каже и кој?! Всушност и кажа… Низ песна! Ти, ти, само ти…!!!

 

View this post on Instagram

 

🎉🎊🎉🎊🎉 #wedding #sunday #sundayfunday #happiness #love #friends

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Останати вести од Радио Милева