Радио Милева
романтично задоволство за единствено чувство

Спејко најде рецепт за врвна форма: Дење теретана, ноќе „тарапаана“! (ФОТО)

Спејко најде рецепт за врвна форма: Дење теретана, ноќе „тарапаана“! (ФОТО)

И покрај сите најави дека ќе биде дел од реалното шоу „Задруга 3“, Дарко – Спејко го нема во шоуто. Третата сезона веќе започна, а Спејко не е дел од „Задруга 3“. Не барем се’ уште… Зашто како што е познато, продуцентите секогаш на лагер имаа резервна екипа, која трпеливо чека на „стенд бај“ во секој момент да влета во приказната и да им ги „измеша лончињата“ на „задругарите“. Но само кога продукцијата ќе почувствува потреба за „свежа крв“, која би ја зголемила возбудата кај гледачите и секако, гледаноста на шоуто.

Во меѓувреме Спејко не запира, туку вредно тренира и се подготвува. Психофизички, се разбира, а особено физички. Кумановецот очигледно ја нашол формулата за успешно одржување на врвната форма. По приинципот на нашите гастрбајтери кога ќе отидат во странство: работа-дома, дома-работа…, така и Спејко го применува истиот рецепт, само во друго пакување:  „Sex – run, run-sex, sex – run“… И така до бесвест!

А формулата повеќе од ефикасна, зашто „големиот брат“ укапирал како да ги спои врвната форма со врвното задоволство! До душа за таа цел не му беа потребни само теретана, шорцеви и патики, туку и нешто што после Љупка Митрова му недостасуваше, ама како што веќе објавивме неодамна, Спејко бргу најде алтернатива за струмичката модна блог дива.

Така Спејко сам си го смисли рецептот за врвна форма: Дење теретана, ноќе „тарапаана“! Прво добра „гимнастика“, а потоа и малку акустика… Со песна и гитара до романтично задоволство за единствено чувство!

Па, какој викав негови кумановци: „Какво радовање, такво сеќавање“! Затоа и ваквите ноќи – долго се паметат!

А ноќите… филмски! Според она малку приложеното, не е тешко да се погоди и жанрот на филмот…. Ќе да е за возрасни!

Ама, ако! Кога мислиш дека покрај себе ја имаш најдобрата „риба“, природно е друго и да не интересира!

А и од „Задруга 3“ секој момент може да му се јават, па…  мора човекот да е спремен!

Останати вести од Радио Милева