Радио Милева
ќе мора да се соочат...

Сослушан Кристијан Голубовиќ, а Станија одбила да се сретне со него: Еве што изјавил пред судот! (ФОТО)

Сослушан Кристијан Голубовиќ, а Станија одбила да се сретне со него: Еве што изјавил пред судот! (ФОТО)

Кристијан Голубовиќ  вчера, 23 октомври 2020 година  пристигнал во основниот суд нешто пред 13 часот за да даде изјава. Малку пред него пристигнала и Станија, која за цело време седела во својот автомобил.

И Станија требаше да биде на распит и да даде изјава за целиот случај, но таа побарала тој да биде одложен за седум дена, за да не го сретне Кристијан во истата просторија!
Станија не била испрашувана заедно со него денес, а откако излегол од судот, Кристијан  открил каков исказ дал пред судијата.

„Дадов изјава, дека само го креваме рејтингот, дека глумиме, говориме  сè и сешто, па така беспотребно се крена помпа дека некој ќе ја убие Станија Добројевиќ. Вие знаете каков сум јас, кога очните капаци ќе им паднат на овие што дремат на масата во реалното шоу, јас ќе треснам некоја глупост и така рејтингот се зголемува,  а ние и продукцијата така заработуваме пари. <

Тие рекоа дека треба да ја сослушаат и Станија, а дека и јас треба да присуствувам заедно со неа. Тоа би било не оваа седмица, туку следната. Мора да дојде до соочување за луѓето да видат дека не мислам сериозно и дека никој не сака никого да убие“ – ќе рече Кристијан по излегувањето од судот.

Останати вести од Радио Милева