Радио Милева

Соседите открија непознати детали за Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Соседите открија непознати детали за Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Александра Пријовиќ е во петиот месец од бременоста и неодамна истакна дека по совет на лекарите ќе се повлече од музичката сцена и ќе оди на породилно отсуство.

Пејачката веќе четири години живее во стан од 100 квадрати во мирниот дел на Вождовц.

Пред две години и се придружи и нејзиниот сега сопруг Филип Живојиновиќ.

Соседите открија непознати детали за младиот пар.

„Ја сретнав Александра и ја прашав кога го очекуваат бебето, а таа беше насмеана и кажа дека е во петиот месец од бременоста и дека бебето ќе се роди кога ќе огрее сонце, после зимата. Ми кажа дека се е во ред и дека одлично се чувствува“, вели сосед на Пријовиќ.

Продавачка во маркет спроти зграда откри дека Александра нежно се однесува кон Филип и дека често му купува чоколадно јајце.

„Александра иста е каква кога се дојде тука да живее, а сега има многу причини да биде вообразена. На 23 години постигна нешто што некој не може цел живот. Сакана е, популарна и богата. Со секој се поздравува, дури и со случајни минувачи кога ќе ја поздрават. Не е вообразена, носи полни торби со намирници“, вели продавачакта Слаѓана и додаде дека Филип и  Прија цело време се бакнуваат и прегрнуваат.

„Таа често го прашува: Љубов го сакаш ова или она, ајде земи, ти тоа го сакаш“.

Во зградата има и перална за алишта која често ја посетуваат.

„Тие често се тука и еве сега има тука нивни работи кои треба да ги земат. Не се напорни, не им пречи како ќе им завршиме работа. Веќе имаме пријателски односи. Кога им треба нешто итно донесат да им исперем и испеглам, а кога ќе помине Нова година знае да донесе и по 20 фустани во кои настапувала. Во последно време ни дава одличен бакшиш“ вели Рада.

Меѓутоа, ја немат видено Брена да доаѓа во нивниот дом.

„Само Брена не доаѓа, но Зорица, мајката на Филип доаѓа кај нас и средува нокти. И мајката на Александра ја гледаме на поминување. Што се однесува до Александра и Филип убаво се воспитани и се културни луѓе“ вели козметичарка.

За потсетување, Александра и Филип се венчаа кон крајот на јуни оваа година.