Радио Милева

Соседите на Дарко Лазиќ открија: „Родителите живеат во страв, тој не се менува“

Соседите на Дарко Лазиќ открија: „Родителите живеат во страв, тој не се менува“
фото: Ненад Вујановиќ

Дарко Лазиќ неодамна ја издаде својата нова песна „Мајка“ со која се врати на музичката сцена, а песната за краток временски период има повеќе од пет милиони прегледи.

Меѓутоа, според неговите соседи од Брестач, пејачот не се смирува и многумина се грижат за неговата судбина.

„Ма никако да се смири, мајка му и татко многу се грижат, а тој  само мисли на кафана и пиење. Ниту ги враќа долговите, ниту се труди да заштеди. Новата куќа стои недовршена, а бебето само што не се роди“  вели сосед на Лазиќ и додава:

„Гледам дека доаѓаат некои со „бесни“ автомобили, мислам дека го бараат за долговите. Кутра Марина, толку е млада, а веќе има маки. Ист е како порано, ништо не менува. Зборува дека ќе се пресели во нова куќа, но се сомневам. Има долгови, не се откажува од пороците и не мисли на иднината. За да биде уште полошо, уште повеќе се задолжува“ вели соседот.

За потсетување, Дарко наскоро треба да стане татко по вторпат, односно неговата свршеница Марина е бремена.

Тој не се огласи по повод овие пишувања.

Останати вести од Радио Милева