Радио Милева

Сопругата на Дино Дворник објави никогаш видени фотографии од свадбата: „Бевме многу чуден пар“

Сопругата на Дино Дворник објави никогаш видени фотографии од свадбата: „Бевме многу чуден пар“

Даниела Дворник се потсети на својата венчавка со нејзината најголема љубов во животот, починатиот хрватски музичар Дино Дворник.

Даниела објави никогаш видени фотографии од свадбената прослава.

„Кај мајка ми најдов некои фотографии. Тој ден, 12.08.1989 година во 19ч и 10 минути се венчавме, едноставно, без никаков гламур. Бевме најчудни младенци и најверојатно единствена невеста во виолетов фустан во тој период. Јас се возев во „Yugu 45“, а Дино ме следеше со велосипед“, се потсети Даниела.

Во една прилика таа истакна дека Дино задоцнил на свадбата, но не му се налутила.

Дино и Даниела се запознале на домашна забава.

„Беше искрен, ми се приближи и ми кажа: „Зошто јас и ти да не почувствуваме вибрации“. Беше упорен. Таа вечер многу зборувавме, а потоа тој заспа на креветот“ објасни сопругата на хрватскиот музичар.