Радио Милева

Сопругата на Борко Ристовски, Нина објави стара фотографија од детството и покажа дека синчето е копија на мама

Сопругата на Борко Ристовски, Нина објави стара фотографија од детството и покажа дека синчето е копија на мама
фото: Инстаграм

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски и неговата сопруга, убавата кумановка Николина во 2018 година станаа за прв пат родители односно нивното семејство се проши за нов член, синот Душан.

Нина и Борко секој слободен момент уживаат во семејната идила и безграничната љубов кон синчето.

фото: Инстаграм

Тие не се резеривирани, па на својот „Инстаграм“, Нина често знае да сподели фотографии и да покаже како го поминув времето со семејството.

фото: инстаграм/нинаристовска

Меѓутоа, деновиве сопругата на Борко извади фотографија од архива односно од нејзиното детство и истата ја спореди со синот Душан.

Имено, на социјалните мрежи таа објави колаж фотографија од неа како дете и од Душан, па откри дека наследникот е копија на мама.

фото: Инстаграм

Под објавата се ниежеа коментари дека се исти и дека малиот Душан личи на мама.

За потсетување, Борко и Нина во јануари 2018 година склопија граѓански брак и запливаа во брачните води, а во 2019 година направија свадбена веселба во еден познат скопски хотел.