Радио Милева
роденденски провод

Сопругата на Борко Ристовски е снаа за пример: За неа не важи „ти кажувам ќерко – сети се снао“ (ФОТО)

Сопругата на Борко Ристовски е снаа за пример: За неа не важи „ти кажувам ќерко – сети се снао“ (ФОТО)

Изминативе денови, додека нашиот „министер за одбрана“ Борко Ристовски го бранеше голот на нашата репрезентација предводејќи ја до големата победа на Исланд, неговата сопруга, атрактивната кумановка Николина го чуваше нивниот син, малиот Душан во Лисабон.

Но, Нина и Душан не беа сами во португалската престолнина. Ним друштво им правеше мајката на Борко, Бети, која беше дојдена на гости. Иако за релациите и дружбата снаа- свекрва најчесто се слушаат „страшни приказни“ исполнети со „тешки зборови“, овде очигледно не е така. Напротив, посетата на свекрвата во далечниот дом на синот може да се зема за пример. Посетата, ама и дочекот на снаата.

Имено, покрај најголемата радост што може да си го види внучето, да го почува и поигра со него, свекрвата доби уште една радост, прследена со иненадување. И тоа не било какво и не било од кого! За време на престојот на мајката на Борко и се падна датумот на кој е родена, односно роденденот! Далеку од дома, таа можеби и не очекуваше ништо посебно и спектакуларно да и се случи, освен по некоја вообичаена честитка.

Арно ама, Николина покажа дека е снаа за пример. Без бабата на малиот Душан да знае и види, Нина на својата свекрва и подготви домашна ролат торта украсена со јаготки, како роденденски подарок и изненадување. На неа и свеќеичките кои ја испишуваат роденденската честитка и сето тоа овековечено со фотографија на снаата, на која се таа, свекрвата и внукот.

А под роденденската фотографија најинтересен постот на вредната и внимателна снаа, Нина: „Кај има подобар провод за роденден на свекрва од тој со снаа?! да си здрава, среќна и да си секогаш со нас. Среќен 63-ти роденден Бебо“ – напишала во роденденската честитка до својата свекрва сопругата на Борко како редок пример дека за неа не важи онаа поговорка со која свекрвите најчесто ги потсетуваат снаите дека нешто треба да направат, а гласи: „Ти кажувам ќерко, сети се снао…“!