Радио Милева
„паралелна“ љубов

Софија Милошевиќ е фатална: По Лука Јовиќ, му ја растури врската на турскиот магнат Емир Ујар со Адријана Лима (ФОТО)

Софија Милошевиќ е фатална: По Лука Јовиќ, му ја растури врската на турскиот магнат Емир Ујар со Адријана Лима (ФОТО)

Манекенката и топ модел Софија Милошевиќ (29) која деновиве е присутна во сите српски медиуми заради нејзината врска со фудбалерот Лука Јовиќ, сега се „осамна“ и во турските медиуми!

Весникот „Таквим“ пишува дека бразилскиот модел Адријан Лима (38) раскинала со бизнисменот Емир Ујар (37) затоа што тој бил заведен од српскиот модел Софија Милошевиќ.


Лима започна врска со Емир Ујар, но го остави заради неговите заводнички излети. Емир наводно и бил домаќин на Софија во неговиот хотел во Венеција, а Лима го открила и го напуштила затоа што не сакала да минува низ нови љубовни компликации“ – пренесува овој турски весник.

Бразилската убавица Адријана Лима летово престојуваше кај турскиот бизнисмен Емир Ујар, со кого се забавуваше досега.

Но, Ујар сакал да седи на две столчиња, па Софија го посетила во Венеција во комплексот палата „Сан Климент“, кој се наоѓа на островот со исто име.

Софија ја поврзауваат со српскиот фудбалер и ѕвездата на Реал – Мадрид, напаѓачот Лука Јовиќ, кој има седуммесечен син со својата поранешна девојка Ангела Маниташевиќ. Како што се зборува, тие раскинале затоа што Софија им дала  заеднички фотографии на медиумите без дозвола на фудбалерот.

Турските медиуми дури тврдат дека Софија паралелно се гледала и со Јовиќ и  со Ујар.

Фото: Профимедиа/Мега агенси/ Википедија/ Инстагрампринтскрин

Останати вести од Радио Милева