Радио Милева
мали сигнали?

Сочен бакнеж в уста среде настап пред сите, во преполн локал: Наташа Беквалац има ново момче? (ФОТО)

Сочен бакнеж в уста среде настап пред сите, во преполн локал: Наташа Беквалац има ново момче? (ФОТО)

Пејачката Наташа Беквалац е подолго време сама, поради што видеото на кое се бакнува в уста со непознат маж среде настап пред сите во преполно кафуле, буквално ги запали социјалните мрежи.

Овој момент вчеравечер беше сосема случајно забележан, па споделен на Инстаграм од Маша Терзиќ, бившта девојка на синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, која ја снимаше пејачката додека изведуваше еден од нејзините најголеми хитови „Мали сигнали“.

Во еден момент, непознатото момче зад чиј грб Ната пееше се заврти, и го задигна фустанот допирајќи ја за голата нога, по што sвездата сочно го бакна во уста непознатиот човек пред сите, во полното кафуле.


Она на што сите се понадеваа е дека Наташа конечно го смени својот емотивен статус и дека во нејзиниот живот се појави нов маж, сепак, не е така. Или барем  не – официјално, зашто, како што тврди, вистината е сосема поинаква.

Имено, еден  од нејзините најблиски пријатели вечерта славеше роденден, а бидејќи таа и непознатиот млад човек се „неразделни“ и блиски пријатели со години, овој  „блиц“ бакнеж  в уста не и беше ништо ново на пејачката.

Бакнежот ги запали социјалните мрежи, но веста дека Беквалац фатила ново момче за жал, велат  е… лажна! Иако… каде што има чад, мора да има и оган!? Впрочем, сите големи љубови започнуваат со… еден бакнеж… Кој подоцна лесно знае магија да се стори! Па зарем ова не се „мали сигнали“?

Фото: Инстаграм принтскрин/Маша Терзиќ

Останати вести од Радио Милева