Радио Милева
„див“ и дружељубив...

Со сите може, ама на Миро Кацаров само една водителка најмногу „му лежи“ (ФОТО)

Со сите може, ама на Миро Кацаров само една водителка најмногу „му лежи“ (ФОТО)

Откако се врати на ТВ екраните,  „Бекстејџ“ е повторно најгледаниот естраден магазин во Македонија. Аналогно  на тоа, Миро Кацаров во последно време е еден од најекспонираните машки водителиски ликови.

Популарниот Миро – „Де Ниро“ колку и да изгледа „диво“, приватно е познат како добро и дружељубиво момче, кое е пријател со сите, особено со своите колешки од водителскиот еснаф.

Миро со сите може, ама само една водителка најмногу „му лежи“! Добро не дека другите „не би му легнале“ кога би требало да бидат водителски тандем, ама сепак… Со неа е секој ден, во секое ново издание, а неретко се дружат и надвор од работните обврски.

Тогаш е повеќе од логично дека токму таа, неговата „партнерка“ од магазинот од зад сцената, русокосата Миа Костова „најмногу му лежи“ на Миро Кацаров! За соработка се разбира, иако понекогаш знае „да му легне“ и на скали!

Или барем да му седне…  покрај нога. На некоја работна фотосесија, заради подобар уметнички впечаток, се разбира.

А дека колегите од „Бекстејџ“ и кога се зад камерите, во бекстејџот или било каде надвор од работа, навистина меѓусебно се ценат, се сакаат и почитуваат, говори не само нивното однесување, туку и нивните објави на социјалните мрежи.

Во време кога и работата и дружењето се сведени само на интерес, ваква колегијална љубов зад камери, денес ретко се гледа!

 

 

Останати вести од Радио Милева