Радио Милева

Со шлиц до препони и без гаќички: Екс-сопругата на Даниел Кајмакоски ќе му биде конкуренција – Кристина станува пејачка! (фото)

Со шлиц до препони и без гаќички: Екс-сопругата на Даниел Кајмакоски ќе му биде конкуренција – Кристина станува пејачка! (фото)
фото:инстаграм/кристинадимитриевска

Манекенката и од неодамна екс-сопруга на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска е решена да заплови во музичките води и да му стане конкуренција на поранешниот.

Во тригодишниот брак со Даниел веројатно поднаучи нешто за естрадата, па така мотивирана реши да ја сними својата прва песна која е насловена „Сакам пак“.

фото:инстаграм/кристинадимитриевска

Иако додека беше во брак, Кристина апсолутно се огради од социјалните мрежи и беше понастрана од очите на јавноста, сега во турбо ритам ги покажува своите амбиции.

фото:инстаграм/кристинадимитриевска

Отвори нов профил на Инстаграм, продолжи со манекенството, стана и фитнес инструкторка, а сега ја чека и пејачка кариера.

Таа на својот профил на споменатата социјална мрежа е и повеќе од активна, а во најновите објави сподели неколку фотографии од снимањето на песната во студио, како и сцени од спотот кој треба да излезе наскоро.

фото:инстаграм/кристинадимитриевска

Облечена во провокативна тоалета со висок шлиц и без гаќички, Кристина уште на старт најави дека ќе „удри“ на провокација.

фото:инстаграм/кристинадимитриевска

Знаеме дека е атрактивна и ќе плени со стас, но како ќе се покаже со глас, останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева