Радио Милева
со песна за збогум...

Со „Празно е без оваа љубов“ познатите Македонци ја испратија Каролина од Њујорк (ВИДЕО)

Со „Празно е без оваа љубов“ познатите Македонци ја испратија Каролина од Њујорк (ВИДЕО)

Каролина Гочева периодов претстојува во Њујорк, каде што нејзиниот сопруг Михаил Корубин неодамна ја имаше својата прва самостојна изложба.

Дело од познатите Македонци кои живеат и работат во Њујорк меѓу кои и композиторот и пијанист Дуке Бојаџиев и кларинетистот Исмаил Луманоски се појавија на изложбата за да го испочитуваат уметникот и неговата сопруга, со која претходно соработуваа.

Деновите по отворањето, Каролина слободното време го искористи да се дружи о своите колеги. На испраќање музичките уметници договорија средба во продавницата за музички инструменти „Клавирхаус“, па сосема очекувано дружењето како и секогаш, заврши со песна. Истата онаа, која триото ја изведе на концертот на Дуке пред три години во тогашната „Метрополис Арена“ – баладата „Празно е без оваа љубов“, чиј автор е таткото на Дуке, покојниот д-р Тодор Бојаџиев, а оригинално ја отпеала Верица Ристевска.

„Нашите дружења секогаш завршуваат со песна“, напишала Каролина споделувајќи го видеото од прекрасната изведба во „Клавирхаус“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on


Ама затоа пак, нејзиниот престој во САД продолжи со луда журка… на плажа!